Јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален Парк Пелистерза период 2020-2030 година

Kumtesat
МЖСПП во соработка со Јавната Установа НП Пелистер, организираат јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален Парк Пелистер
14.09.2020
Врз основа на член 101 од Закон за заштита на природата (“Сл. весник на РМ”, бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13 , 163/13, 41/14, 146/15, 39/16, 63/16 и 113/18) се организира:

ЈАВНА РАСПРАВА по Нацрт Планот за управување со Национален Парк Пелистер за период 2020-2030 година

Во согласност со законските барања, а со цел да се постигне поголема транспарантност и вклученост на јавноста, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Јавната Установа НП Пелистер, организираат јавна расправа по Нацрт Планот за управување со Национален Парк Пелистер на ден 25.09.2020 година (петок), од 12:00- 13:30 часотво Салата за состаноци на Советот на Општина Битола, на ул. „1-ви Мај“, бр. 61 Битола.

Воедно би сакале да Ве известивме дека ова е прв Нацрт-План за управување со Национален парк во нашата земја, каде (иако нема обврска се до влезот во ЕУ) изготвен е дополнителен План за НП Пелистер како идно Натура 2000 подрачје. Овој план е изработен во рамки на ЕУ Твининг проектот:„Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата”

За јавните расправи ќе се почитуваат здравствените протоколи за организација на јавни настани (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus).

 

 

Submitted by alfa4 on 14.09.2020 - 10:00