Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција

Проценки на моменталната состојба и условите во рамките на подготовка на долгорочна стратегија и законот за климатска акција
Министерство за животна средина и просторно планирање
Главни цели на проектот
  • Да се извршат неопходните анализи и проценки на моменталната состојба и условите во земјата-корисник во рамките на подготовка на долгорочна стратегија и законот за климатска акција и да се поддржи нивното усвојување и спроведување.
  • Да се воспостави силен и одржлив систем за координирање на климатската акција преку развој на националната стратешка и правна рамка за климатска акција преку долгорочната стратегија и законот за климатска акција, вклучувајќи и Акциски план за почетната фаза на имплементација.
  • Да се воспостави механизам за следење на емисиите на стакленички гасови во   согласност со ЕУ Регулативата за Механизам за следење на стакленички гасови 525/2013 (MMR) и одредбите за спроведување на истата.
  • Да се зајакне административниот капацитет во согласност со пристапувањето кон ЕУ со цел да се постигне ниско емисиона и конкурентна економија и климатски отпорно општество / економија.
  • Да се подигне свеста за климатска акција, да се поддржи процесот на размена на информации помеѓу засегнатите страни и да се воспостави меѓуминистерска и меѓусекторска соработка за стратегијата и законот.
Проектни компоненти-резултати

Спроведена анализа која вклучува аналитички и технички извештаи за специфични стратешки и правни прашања кои ќе служат како позадински податоци и придонес кон стратегијата и законот. Извештаите треба да бидат концизни, насочени кон креаторите на политиките и да се фокусираат на обезбедување на придонес за стратегијата и законот.

  

    Изготвен Извештај за проценка на капацитетот, административните и финансиските потреби за спроведување на стратегијата и законот, како и за законските надлежности на владините и извршните тела, со заклучок за стратегијата и законот.

      Изготвен Извештај за упатства за транспозиција и спроведување на законодавството на ЕУ за клима, со препораки за правната рамка која треба да се воспостави преку законот за климатска акција.

      Подготвен извештај за ранливоста на земјата во однос на климатските промени, базиран на основа на достапните студии, со идентификација на приоритетните цели за адаптација / климатска отпорност, вклучувајќи ја рамката за истражување и донесување на одлуки, со заклучоци релевантни за политиките кои треба да се вклучат во стратегијата и законот.

        Подготвена нацрт долгорочна стратегија за климатски акција.

          Подготвен нацрт текст на законот за климатска акција со подзаконски акти.

            Подготвени подзаконски акти за транспонирање на ЕУ Регулативата за Механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013 (MMR) и последователните измени и дополнувања, како и подготвен План за спроведување на регулативата.
             

            Подготвен нацрт-акциски план за спроведување на почетната фаза на стратегијата и законот.
             

            Подготвен План за спроведување и правна рамка за механизмот за следење емисиите на стакленички гасови, во согласност со ЕУ регулативата за механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013
             

            Подготвен Извештај за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина на долгорочната стратегија за климатска акција.
             

            Испорачани обуки за поддршка на стратешката и правната рамка за климатска акција.
             

            Испорачани активности за подигнување на јавната свест, настани за промоција и активности за консултации со заинтересираните страни.
             

            Активности:

            • Активност 1: Почетна фаза
            • Активност 2:   Подготвителни анализи/проценки за долгорочната стратегија и законот за климатска акција
            • Активност 3: Подготовка на нацрт долгорочна стратегија за климатски промени
            • Активност 4: Усогласување на националното законодавство со ЕУ Регулативата за Механизам за следење на стакленички гасови бр.525/2013 (MMR) и последователните измени
            • Активност 5: Развој и подготовка на нацрт текст на законот за климатска акција
            • Активност 6: Изработка на нацрт акционен план за климатски промени
            • Активност 7: Програма за обука за спроведување на стратешка и законската рамка за климатска акција
            • Активност 8: Подигање на јавната свест, промоција и консултации со засегнатите страни.
            Тип на проект
            Договор за услуги
            Вредност на проектот
            1.149.804 eur
            Датум на започнување
            Датум на завршување
            Статус на проект
            Завршен
            Корисници на проектот
            Министерство за животна средина и просторно планирање
            Краен корисник
            Повеќе целни групи
            Изведувачи
            GFA Consulting Group GmbH