Ја координира работата на сектор на природа и известува за работните обврски
Sektori i Natyrës
Udhëheqës i Sektorit
Раководител на сектор за природа
Telefonit
E-mail
Përshkrimi i pozicionit të punës
Известува за работните обврски пред Директорот на Управата за животна средина, Министер за животна средина и просторно планирње и Владата
Раководител на СП - обврски
- Раководи со секторот и ја организира, насочува и координира работата на секторот; врши непосредно контрола и надзор над извршувањето на работите во секторот, ги распоредува задачите и работите на раководителите на Одделенијето за заштита на природното наследство и НАТУРА 2000, Одделението за биодиверзитет и ГМО и Одделението за заштита и управување со заштитени подрачја и гео-диверзитет, како и на стручните државни службеници;
- Им дава упатства за работа и потребна стручна помош во работата и вршењето на најсложените работи и задачи и го следи текот на извршувањето на работите.
- Соработува со државни органи (министерства, локални самоуправи, агенции, јавни претпријатиија и др.) субјекти за управување со заштитени подрачја, научни и стручни институции и невладините организации за прашања поврзани со заштита на природа.
- Соработува со меѓународни организации за заштита на природата. Соработува со меѓународни организации и агенции (UNEP, SDC, IUCN, WWF, и др.).
Arsimi
Универзитет "Св. Кирил и Методиј" – Скопје, Интердисциплинарни студии по инженерство на животната средина, VII/1 - Дипломиран Инженер по Заштита на Животна Средина
Втор циклус студии: Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Факултет за природни и технички науки Инженерство на животна средина, Магистер на технички науки - Инженерство на животна средина
Трет Циклус – кандидат за Доктор на науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Факултет за природни и технички науки
Trajnimi dhe zhvillimi
Сертификат за тренер за Натура 2000
Учество на тренинг обуки за различни прашања за Натура 2000 во рамки на ЕУ проектите: Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000 (2016-2017) и тековен ЕУ проект за зајакнување на капацитетите за Натура 2000 и ЦИТЕС (2022-2024)
Поминати тренинг обуки за екосистемски услуги во рамки на проектот: Програмата за зачувување на природата, Фази I, II и излезна фаза
Министерство за животна средина, храна и регионални работи, (DEFRA) Велика Британија ЕУ - обука за Англиско искуство во управување со отпадни води и управување со животна средина 2013, Лондон, Бристол, Брајтон
Министерство за животна средина и просторно планирање Сертификат за завршена обука за проценувач на добрата и влијанијата врз животната средина 2012, Скопје
EU/ReSPA - ЕУ Регионална школа за јавна администрација – Црна Гора Сертификат за завршена обука - Директно финансирање од Европската комисија за Јавната администрација во Балканот 2012, Даниловград
University Institute of European Studies (IUEE), Шпанија, Сертификат за завршен тренинг курс за политика на Европската Унија во делот на животна средина 2010 Мадрид
International Training Consortium – CFI, Италија Сертификат за завршен Специјалистички тренинг курс за технички области и менаџерски кадар – област животна средина и климатски промени, Италија 2009, Рим
Balkan Environmental Association, Greece, Сертификат за завршен тренинг курс за едукација на еколошки професионалнци -”Одржлив развој во рамките на процесот на хармонизација на ЕУ легислатива”, Скопје 2006, Скопје
Влада на Р. Македонија Креирање на политики и стратешко планирање, Стручно доусовршување на државните службеници Јуни 2008, Скопје, Влада на Р. Македонија, Секретаријат за Европски прашања Раководење со проектен циклус, Правила и искуствата за Управив
Lumana Dimora Onlus - Italy, Regional environmental center – Hungary Сертификат "Techical skills traning for electronic networks of South Eastern Europe`s Environmnetal NGOs 2004, Рим
Anëtarësim në shoqatat profesionale-shkencore
EU LIFE - National focal point
National Focal point for IUCN
IUCN expert on the World Commission on Protected Areas
National focal point for CBD and CITES
Member of the National Commission of UNESCO
Teknologjitë informative
Има посетувано додатни обуки од информатички технологии
Gjuhët
Англиски
Përvojë pune
2013 - во тек МЖСПП - Раководител на Сектор за природа
2005 - 2013 МЖСПП - Советинк за Сектор за ЕУ ИПА 2013-2005
2000 - 2005 Проактива / ЕКО.НЕТ – Координатор на проекти 2000-2005
Projektet dhe aktivitetet e realizuara
Следи процес за приближување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ од областа на заштитата на природата
Го следи ЕУ законодавството од областа на заштита на природата, кое се однесува на Европската еколошка мрежа Натура 2000
Ги следи и учествува на состаноци на УН Конвенции од областа на заштита на природата (CBD, CITES, RAMSAR, и други)
Национална стратегија за биолошката разновидност со Акционен План (2018-2023)
Национална стратегија за заштита на природата со Акционен план (2017-2027)
VI Национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност (ЦБД)
Координaција на активностите за валоризација на природно наследство и ревалоризација на заштитените подрачја и природни реткости
Координација на активности за изработка на потребната документација за прогласување на заштитени подрачја и природни реткости
Следење на спроведување на планови за управување со заштитени подрачја
Извештај за состојбата на животната средина со индикаторски пристап
Ги следи активностите за идентификација на живеалишта, растенија, животни и птици од ЕУ интерест, со цел идентификација на идните потенцијални подрачја за Натура 2000 мрежата
Координација на активностите во ЕУ проектот: Зајакнување на капацитетите за имплементација на Натура 2000 (2016-2017)
Тим лидер во ЕУ твининг проектот: Зајакнување на капацитетите за ефективна имплементација на законодавството во областа на заштитата на природата (2017-2019);
Стручна помош и координација на активностите при изработката на Првата Национална Црвена Листа за водоземци и влекачи во соработка со ИУЦН и национални експерти и утврдување на конзерваторскиот статус на 14 видови васкуларни растенија (2019).
Координација на активности на проектот: Програмата за зачувување на природата, Фази I, II и излезна фаза (2012-2023)
Координација на активности во ГЕФ/УНЕP проект: "Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитени подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето" (СТАР 5).
Публикации
Trpeski, Vlatko and others (2013) Examination of heavy and toxic metals in the Kozjak lake and Treska river with protection measures. Geologica Macedonica, 27 (1). pp. 77-85. ISSN 0352-1206
Трпески, Влатко (2019) и други, Европски искуства за искористување на милта – тињата од индустриски процеси и заштита на ЖС, XII Стручно советување со меѓународно учество ПОДЕКС - ПОВЕКС 2019
Труд “Фиторемедијација со Рози, како составен дел на урбаното живеење во Скопје” автори: Д-р Соња Лепиткова, Влатко Трпески и други, International science conference reporting for sustainability 07th – 10th of May 2013 Bečići, Montenegro, 2013 година
Објавена брошура “Климатски промени”, Проактива 2007 година
Објавен “Прирачник за Енергетска ефискасност”, Проактива 2006 година
Објавен труд “Прелиминарна проценка на здраствено-еколошки ризик од влијанието на издувните гасови од рафинерија ОКТА”, Републички завод за здравствена заштита, III конгрес за Превентивна медицина со меѓународно учество, 2006 година
“Локален еколошки акционен план за о.Сопиште” - член на работен тим, Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија - ISBN 9989-110-27-1, Скопје 2004 година
Објавен труд "Сончевата енергија како интегрален дел во општиот енергетски систем", автори: Влатко Трпески, и други. II конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, Македонско еколошко Друштво, 2003 година
Објавена брошура "Чиста енергија - сончева енергија" ISBN 9989-2115-1-5, - Проактива - Скопје, 2003 година