Раководи и го координира одделението во процесот на имплементацијата на законските одредби и подзаконските акти
Одделение за управување на сливното подрачје на реката Црн Дрим
Udhëheqës i Departement
Udhëheqës i Departement
Telefonit
E-mail
Përshkrimi i pozicionit të punës
Раководи и го координира одделението во процесот на имплементацијата на законските одредби и подзаконските акти.
Раководител на ОУСПР Црн Дрим - обврски
- Учествува во координација со телато на сливот и телата на подсливот. Го организира и го следи остварувањето на програмските задачи и активности во овие области, дава стручна помош за одделни прашања од делокругот на работите на одделението, соработува и ја координира соработката со другите организациони облици во министерството, со државните органи, со научните и стручните институции и со невладините организации од земјата и странство, ги координира активностите во делот на изготвувањето на научно-стручни студии и елаборати.
- Изготвува годишни програми и извештаи, организира работни состаноци во одделението за прашања и проблеми од областа. Врши оцена на ефектот и квалитетот на изврешените работни задачи на лицата по негово раководаство.
- Ги одобрува и учествува во изработката на програмите, плановите и извештаите на телата на сливот и телата на подсливовите. Согласно законот во управувањето со речните сливови особено ги врши следните работи:
- извршува потребните испитувања заради утврдување на лежиштата, количината и својствата на водите и наложува превземање на потребни мерки за заштита на подземните води најдени при вршење на геолошки истражувања или експлоатација на минерални суровини, ископување на тунели, и други активности на ископување или дупчење на земјиштето;
- учествува во изработување на основна проценка на карактеристиките на секој речен слив
- обезбедува управување со делот на подрачјето на меѓународен речниот слив што се наоѓа на територија на Република Македонија во согласност со закони меѓународен договор ратификуван од Република Македоноија;
- Стручни работи во издавањето на дозволите;
- Води и одржува регистар на заштитни зони;
- Учествува во изработување на Планови за управување со речните сливови; учествува во изработување на Програма на мерки; ги спроведува плановите за управување со речен слив; ја спроведува Програмата на мерки; обезбедува управување со делот на подрачјето на меѓународен речниот слив што се наоѓа на територија на Република Северна Македонија во согласност со закони меѓународен договор ратификуван од Република Северна Македонија;
- се грижи за спроведување на мерките за заштита од штетното дејство на водите во соодветниот речен слив
- врши научно - истражувачки дејности во областа на водите
Arsimi
Дипломиран биолог