Раководење со одделението со цел обезбедување на релевантни податоци за квалитетот на амбиентниот воздух во државата
Одделение за мониторинг на амбиентен воздух
Udhëheqës i Departement
Udhëheqës i Departement
Telefonit
E-mail
Përshkrimi i pozicionit të punës
Раководење со одделението со цел обезбедување на релевантни податоци за квалитетот на амбиентниот воздух во државата
Раководител на ОМКАВ - обврски
- Раководење со одделението (организирање, насочување и координација на работата, непосредна контрола и надзор над извршувањето на работите, распоредување на работите и задачите на државните службеници во одделението, давање на стручна помош и совети во работењето на државните службеници во одделението, грижа за стручното усовршување и работната дисциплина на вработените во одделението, оценување на државните службеници во одделението).
- Подготовка на стручни материјали, документи, законски акти, предлог план за работа на одделението, извештај за напредокот во спроведувањето на програмата за работа на одделението, оперативна програма за работа на државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух со цел континуирано одржување и сервисирање на мониторинг станиците, уредите за земање примероци и калибрационата лабораторија, учествува во подготовката на техничките спецификации за потребните набавки во рамките на системот. Континуирано следење на валидноста на податоците во базата на податоци, координација и учество во подготовката на дневни, месечни и годишни извештаи за квалитет на амбиентен воздух, подготвка на посложени стручни мислења за одделни прашања од делокругот на работите на одделението.
- Соработка со другите раководители на одделенија во секторот, како и со раководител на секторот, за прашања од делокруг на секторот. Исто така соработка со други органи на управата, со меѓународни и домашни институции, со преставници од компании и други научни институции за прашања од интерес на квалитет на амбиентниот воздух.
- Учество во работата на тековните проекти кои се спроведуваат во Министерството, подготовката на буџетот на одделението и секторот, стратешко планирање на Министерството и водење тековни преписки за работи што ќе му бидат определени од раководителот на секторот.
- Изработка на предлог иницијативи за спроведување на законите и подзаконските акти од областа кои се во согласност со барањата на ЕУ, следење на нови научни сознанија и предлог за надоградба и усовршување на системот за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух и учество во работните групи за усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ.
Arsimi
Дипломиран инженер по информатика