Меџити: Владините институции континуирано превземаат мерки против загадувањето на воздухот
23.04.2025
Во присуство на министри, заменици министри, ЗЕЛС, градоначалници, директори на управи и претсттавници на институциите, денеска под раководство на првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити се одржа координативен состанок за напредокот и постигнувањата во делот на спроведувањето на Акцискиот План за подобрување на квалитетот на воздухот и на животната средина.
Општините се клучен партнер во еколошката трансформација
17.04.2025
Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари работна средба со претседателството на ЗЕЛС – Заедницата на единиците на локалната самоуправа, на која беше детално презентиран јавниот Конкурс за финансирање на проекти од областа на животната средина за 2025 година
Meџити со апел до претставниците на невладините организации да аплицираат на конкурсот со проекти за подобра животна средина
15.04.2025
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес имаше работен состанок со представници на невладини организации и здруженија на граѓани кои работат во областа на животната средина, на кој информираше околу Конкурсот за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2025 година