Соопштение
08.04.2025
Ве известуваме дека утре, 08.04.2025, вторник, со почеток во 11.00, во Медиа-центарот на Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити ќе оддржи прес конференција по повод објавата на Јавниот конкурс за распределба на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година
Потребни се итни и координирани акции за спасување на Преспанското езеро
07.04.2025
Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска беше домаќин на советодавната мисија Рамсар, предводена од Флоре Лафаје, која престојува во нашата земја за да даде стручни совети и препораки како да се третира и да се стопанисува со Преспанското Езеро
Прес конференција во врска со случувањата во рудникот Тораница
04.04.2025
Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска денеска оддржa прес конференција во врска со случувањата во рудникот Тораница, на која извести дека со огромна сериозност се пристапувало кон истиот, иако според неа, поединци излегуваа со неточни и полуточни информации и успеаја да направат збунетост кај населението.
Oглас за национален експерт за Стратегија за контаминирани локациии со жива
03.04.2025
Министерството за животна средина и просторно планирање, преку проектната канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за процена на локации контаминирани со жива“.
Се одржа четвртиот состанок на Управниот одбор за проектот „Одржливи услуги за управување со комунален отпад“
02.04.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на четвртиот состанок на Управниот одбор за проектот „Одржливи услуги за управување со комунален отпад“, што го имплементира Шведската асоцијација на локални власти и региони -САЛАР и Шведската агенција за меѓународен развој (Сида).
Регионалното управување со отпадот ќе овозможи подобра еколошка контрола на активностите за управување со отпад
01.04.2025
Скопје, 01.04.2025 Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ресми Ејупи, имаше воведно обраќање на отварањето на Партнерската конференција за Одржливи услуги за управување со отпад, која се одржува во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“.
Лашкоска на 5-тиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка на Обединетите Нации
28.03.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска учествуваше на 5-тиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка на Обединетите Нации со Северна Македонија 2021-2025, како клучна платформа за унапредување на соработката и поттикнување напредок кон еколошката одржливост и отпорноста на климата во нашата земја.