Лашкоска на средба со директорот на ЈУНП Пелистер

31.01.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, заедно со директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски остварија работна средба со директорот на ЈУ Национален парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски, на која присуствуваа и дел од вработените од Министерството за животна средина и просторно планирање и од ЈУНП Пелистер.

Грижата за водите е одговорност на секој од нас, бидејќи сме дел од заедничкиот простор во кој живееме

30.01.2025
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска имаше воведно обраќање на финалниот настан на кој беа презентирани резултатите и постигнувањата од проектот „Младински активизам за одржливи реки: Заштита и зачувување на биодиверзитетот на реката Треска“.

Со 1,5 милиони евра обезбедени од ЕУ ИПА 2 програма ќе се подобрува правната рамка за квалитет на воздух

29.01.2025
Со поддршка на ЕУ ИПА 2 Програмата , во номври 2024 година започната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува законската рамка за квалитет на воздух со европските регулативи.

МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето

28.01.2025
28.01.2025г) Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот.

Прекинување на прагот на алармирање во Битола и Струмица

28.01.2025
Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 27.01.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 µg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Битола и Струмица.

Засилени контроли на општинските инспектори

27.01.2025
(27.01.2025г) Согласно извешатите за спроведени активности од страна на општините за периодот 20-24 јануари, во 11-те општини што доставиле извештаи до Министерството за животна средина и просторно планирање се спроведувале редовни и засилени инспекциски контроли.

Нова епизода на надминат праг на алармирање во Струмица

26.01.2025
(26.01.2025г.) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  µg/m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.

Дел од општините доставија извештаи од акциите за почист воздух

24.01.2025
24.01.2025г) Согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025г.“  и обврските, до 23.01.2025г. до Министерството за животна средина и просторно плнаирање се стигнати извештаии за преземени акции од 13 општини од државата и тоа од општините: Прилеп, Тетово, Центар, Илинден, Велес, Штип, Крушево, Ранковце, Гази Баба, Шуто Оризари, Охрид, Град Скопје и Богданци. 

Прекинување на прагот на алармирање во Кичево

24.01.2025
Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 23.01.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 µg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Кичево.

Сообраќајната полиција и МЕБСП направиле 6984 контроли

23.01.2025
(23.01.2025г) Согласно „Акцискиот план за чист воздух за грејната сезона 2024 – 2025г.“ и задолженијата, Сообраќајната полиција и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи во изминатиот месец пристапи кон засилени контроли на возилата што сообраќаат низ градовите во државата.