Ќе се интензивира финансиската и техничката поддршка од Германија за инвестиции во чиста обновлива енергија

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска оствари работна средба со aмбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Н.Е. Петра Дрекслер.

1Амбасадорката Дрекслер истакна дека германската влада ја препознава важноста да се интензивира финансиската и техничката поддршка од Германија за инвестиции во чиста обновлива енергија и енергетска транзиција во нашата држава и во земјите од Западен Балкан.

2Тоа ќе допринесе да се намали влијанието на енергетската криза врз ранливото население, да се стабилизира енергетскиот сектор и да се постигне транзицијата кон модернизиран, декарбонизиран и отпорен енергетски сектор.

3Министерката Шукова изрази благодарност за континуираната поддршка што германската влада ја дава на нашата земја во евроинтеграцискиот процес, изразувајќи задоволство што долгорочната соработка меѓу двете земји веќе покажува одлични резултати, особено во областа на заштитата на животната средина.