Шукова: Подобрената патна инфраструктура го помага управувањето со отпад и развојот на новопрогласените заштитени подрачја

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова заедно со заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и заменик министерката за здравство, Маја Манолева денес беа во посета на Кочани, каде со граѓаните и претставниците на бизнис заедницата од регионот разговараа за придобивките од изградбата на експресниот пат Штип – Кочани.Sukova_poseta_Kocani
Министерката Шукова во својата изјава ја истакна важноста на подобрената патна инфраструктура во делот на управувањето со отпад и во развојот на новопрогласените заштитени подрачја во регионот, бидејќи придонесува за подобра поврзаност на населените места и побрзо и побезбедно движење на возилата со што се олеснува транспорт на луѓе и стоки.