ШУКОВА од Канада: Северна Македонија препозната како лидер за спроведување на Програмите на ГЕФ за биолошка разновидност и заштита од деградација на земјиштето во регионот

Во рамките на мисијата за зацврстување на соработката со ГЕФ и зајакнување на меѓународната поддршка, министерката Шукова оствари билатерален состанок со раководителката за биодиверзитет и земјиште во УНЕП, Дорин Робинсон.

1На состанокот се разговараше за досегашната успешна  соработка, се направи пресек на заедничките активности и се детерминираа новите можности за соработка во рамките на Програмите на ГЕФ.

2Нашата држава беше посочена како лидер во  регионот во спроведувањето на Програмите на ГЕФ, особено во областа на заштита на биолошката разновидност и заштита од деградација на земјиштето, заради што државата е одбрана за домаќин на состанокот на Конституенцата на Глобалниот фонд за животна средина за Европа и Централна Азија кој ќе се одржи во октомври оваа година.