Шукова на конференција на ОБСЕ во Струга: Сега е вистинскиот момент владите да ги стават своите земји на одржливи траектории и овозможат долгорочен економски, социјален и еколошки просперитет

Денес во Струга на „Конференцијата за економска и еколошка димензија на ОБСЕ“ организирана во рамките на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) во 2023 година, претставници од 57-те земји-членки на ОБСЕ, приватниот сектор, академската заедница, граѓанското општество и меѓународните организации дискутираат за клучните економски и еколошки прашања што влијаат на заедничката безбедност во регионот на ОБСЕ. Темата: „Промовирање на безбедноста и стабилноста во областа на ОБСЕ преку постигнување одржлив развој и издржлив и инклузивен економски раст“ поттикна интересна, интерактивна и фокусирана дискусија, која би можела да резултира со конкретни и остварливи препораки за ОБСЕ и нејзините земји-учеснички на теми од големо значење за сите држави во регионот.

Шукова на конференција на ОБСЕ во Струга: Сега е вистинскиот момент владите да ги стават своите земји на одржливи траектории и овозможат долгорочен економски, социјален и еколошки просперитет   На отварањето на Конференцијата, во водената сесија, се обратија министерот за надворешни работи и предсетавач Бујар Османи,  заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шуковаи заменик министерот за енергетика на Украина Јарослав Демченков.

„Потенцијалот на ОБСЕ во ублажувањето на сериозните економски и еколошки предизвици со кои денес се соочуваат нашите општества не смее да се занемари. Организациската структура и значајните проекти што ОБСЕ ги реализира низ целиот регион,  може навистина да направат разлика и да допринесат за благосостојбата на луѓето“ истакна Османи.

2Од аспект на политиките на добро владеење заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска  укажа на императивот за добро владеење во  денешниов меѓусебно поврзан свет каде економиите и животната средина не препознаваат граници.  „Tоа е камен темелник врз кој денешните просперитетни општества се изградени, каде преку доброто владеење се негува довербата, интегритетот и одржливиот развој“ додаде таа.

4K5A1368Министерката Шукова во воведното обраќање ги посочи еколошките предизвици со кои се соочува регионот и нивното влијание врз водните ресурси, на земјоделските приноси, на губењето на биодиверзитетот и интегритетот на екосистемите, но истакна и дека сега е вистинскиот момент владите да го променат пристапот и да ги стават своите земји на одржливи траектории што даваат приоритет на економските можности, намалувањето на сиромаштијата и планетарното здравје и да овозможат долгорочен економски, социјален и еколошки просперитет.

„ОБСЕ има улога во подигнување на свеста за потенцијалните ризици поврзани со климатската безбедност, во градењето на капацитети, проценката и адресирањето на овие ризици на париципативен начин и со вклучување на сите релевантни чинители. Ова не е само заради сеопфатниот пристап до безбедност, туку и поради тоа што има широка регионална рамка потребна за да одигра соодветна  улога во таков регионален пристап“ истакна Шукова.

4K5A1325Воведната сесија, како и трите тематски сесиии се фокусирани на клучните теми поврзани со антикорупцијата, меѓусебната поврзаност, енергетската безбедност и климатските промени што се централни теми за мандатот на ОБСЕ во Втората димензија и претставуваат приоритети на претседавањето на нашата држава во 2023 година. Претседателството сака да ја искористи можноста дадена од оваа конференција за да го продолжи долготрајниот политички дијалог за економските и еколошките прашања поврзани со безбедноста што традиционално се одвива во рамките на Економскиот и еколошки форум (ЕЕФ).