Шукова: Започнуваме со распределба на средства на општините за подобрување на водната инфраструкура во државата според утврдена методологија

Mинистерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова одржа прес-конференција на која информираше за распределбатa на средства на општините од заемот од Европската инвестициона банка за подобрување на водната инфраструктура на општините во нашата држава.

Шукова: Започнуваме со распределба на средства на општините за подобрување на водната инфраструкура во државата според утврдена методологија Вкупната вредност на заемот за проектот изнесува 50 милиони евра и истиот ќе се отплаќа од Буџетот на Република Северна Македонија. Крајни корисници на средствата од заемот се општините и општините во Градот Скопје.

Шукова информираше дека Mинистерството за животна средина и просторно плaнирање (МЖСПП) со секоја општина ќе склучува договор за донација, а средствата ќе се распределуваат по утврдена методологија за реализација на приоритетни инвестиции за водоснабдителни, канализациони системи, пречистителни станици и опрема.

1Според одлуката на Владата на РСМ за распределба на средства од заемот на ЕИБ по финансискиот договор за проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија, секоја од општините и општините во градот Скопје ќе добијат по 200.000 евра подеднакво, а од останата сума 16 милиони евра ќе бидат распределени согласно индексот за општински развој и процентот на распределба по планските региони според степенот за периодот од 2018 година до 2023 година, додека преостанатите 18 милиони евра ќе се распределуваат во зависност од бројот на население во општините – 70% и бројот на населените места – 30%.

Според министерката Шукова, оваа распределба е развојна: 46 општини ќе добијат средства помеѓу половина и еден милион евра, на 28 општини ќе им се доделат средства под 500 илјади евра, додека шест општини (7% од вкупниот број на општини) ќе добијат повеќе од еден милион евра.

2Таа додаде и дека МЖСПП во изминатиот период презема низа чекори и активности за реализација на проектот – донесена е Одлука за формирање на проектна единица за имплементација на проектот, објавени се два јавни повика за изразување интерес за експерти во единицата, формиран е проектен тим од МЖСПП за имплементација на проектот, доставени се барања до општините за листа со предлог проекти и документација и направена е првична анализа на листата на предлог проекти согласно утврдените критериуми.

Од друга страна, општините доставија листа со вкупно 373 предлог проекти, од кои во овој момент: Скопскиот регион има доставено 67 проекти, Вардарскиот 64, Источниот и Југозападниот по 50, Полошкиот 46, Југоисточниот 40, Пелагонискиот 36 и Североисточниот 20.

3Министерката Шукова најави и дека во следниот период се планира одржување на работилници со општините со цел објаснување на процесот и обука за пополнување на проектните прашалници. Исто така, Проектната единица за имплементација и Консултантот ќе работат на подготовка на тендерската папки за секоја од општините.

Видео од прес-конференцијата на македонски јазик