Шукова: Владата е силно посветена на континуирано градење на капацитети за климатска отпорност, особено на градовите

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, денеска беше една од говорничките на третиот Социо-еколошки форум што викендов се одржува во Скопје.

1 -СЕЕФ,2023Во своето излагање, Шукова истакна дека Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање, како одговорна институција за климатските промени, се силно посветени на справување со климатските промени и ефективно спроведување на Законот за климатска акција штом ќе биде усвоен.

2 - СЕЕФ,2023„Ова, меѓу другото, би значело дека ние сме посветени на континуирано градење капацитети за климатски активности, насочени кон сите засегнати страни, владини и локални самоуправи, јавниот и приватниот сектор, граѓанските организации, младите, ранливите групи, меѓу кои силната соработка е од суштинско значење. Имаме докажани партнери во научни институции, чие знаење дополнително ќе биде искористено во исполнувањето на нашите амбициозни климатски цели. Нашата генерација е сведок на катастрофалните влијанија на климатските промени на глобално ниво и на сите сектори, од инфраструктурата до безбедностата на храната и здравјето на луѓето“, рече Шукова.

3 - СЕЕФ,2023Таа информираше дека Нацрт-законот за климатска акција, кој транспонира неколку релевантни регулативи и директиви на ЕУ, помина низ фаза на јавни консултации на почетокот на пролетта, добивајќи позитивни коментари од засегнатите страни, вклучително и оние од локалната власт и граѓанските организации. Во моментов, нацрт Законот е во меѓувладина процедура за разгледување и коментари.

Исто така, Шукова ја потврди отвореноста за соработка и размена на добри искуства, позитивни лекции и експертиза помеѓу нашите градови и општини и нивните партнерски градови од ЕУ справувањето со климатските промени и климатскиот позитивен развој, особено во делот со управување со отпадот.

Социо-еколошкиот форум е во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Меѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија.

4 - СЕЕФ,2023Целта на форумот е да овозможи дебата и дискусија во однос на енергетските политики на земјите од Западниот Балкан и Европската Унија, предизвиците во поглед на животната средина, зелената агенда, промовирањето на социјалната кохезија преку инвестиции во вработување, квалитетни и инклузивно образование и висококвалитетни услуги за социјална инклузија и заштита.