УНЕЦЕ – Недела на урбана отпорност

На Неделата на урбана отпорност на UNECE 2023, Оџаклиеска беше во придружба со Андријана Андреева, директор на Агенцијата за планирање на просторот.UNECE2023

Осумдесет и четвртата сесија на Комисијата за урбан развој, домување и управување со земјиште е дел од оваа Недела на која се дискутираше за регионалната размена на искуства и добри практики за промовирање на достапно, соодветно и климатско неутрално домување и инклузивни, кружни, паметни и одржливи градови.UNECE2023_zamenik

Во своето излагање Оџаклиеска ја потенцираше важноста на просторното планирање и потребата од забрзување на зелената транзиција преку креирање на одржливи плански решенија кои ја зголемуваат отпорноста кон климатските промени и го ублажуваат нивното влијание.UNECE_2023_Zamenik Minister

Во рамките на престојо тво Жанева, Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска имаше и работна средба со амбасадорот и постојаниот претставник во Мисијата на Република Северна Македонија при ООН во Женева, Теута Агаи-Демјаха.UNECE_2023_zamenik

Исто така, беа претставени резултатите од Форумот на градоначалници, се разгледа имплементацијата на „Место и живот во ЕСЕ – Регионален акционен план 2030 година“ и Декларацијата од Сан Марино.