Средба со менаџерскиот тим на Пивара Скопје

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одржа работен состанок со претставници на Пивара Скопје предводени од генералниот директор во заминување Горан Сладиќ и неговиот наследник Душан Митрев, на која разговараа за досегашната добра меѓусебна соработка, особено во делот на остварување на долгорочните цели за спроведување на општествено одговорните платформи на компанијата за намалување на отпадот, заштитата на животната средина и климатската акција – Свет без отпад и нето нула емисии на CO2 до 2040 година.

Средба со менаџерскиот тим на Пивара Скопје„Животната срeдина, особено спрaвување со отпадот бара широки и силни партнерства на сите нивоа, но и развивање на јавната свест и општествената одговорност“, истакна министерката Шукова на состанокот и најави активности за градење на ширки партнерства и соработка како со општините, така и со асоцијациите: АДКОМ, ЗЕЛС, Центри за развој на планските региони, со општествено одговорните компании како што е Пивара, колективните постапувачи со отпад, здруженијата на граѓани и широката јавност. Според неа активностите мора да се усогласат и координирано да се насочат кон постигнување на заедничката цел – намалување на количините на отпад што ќе се депонираат.

По состанокот министерката Шукова, заедно со двата директора Сладиќ и Митрев се упатија на настанот на кој се промовираше најновата иновација – прицврстени капачиња на ПЕТ-амбалажата на безалкохолните пијалаци во портфолиото на компанијата „Пивара Скопје“  и одлагање на ваквата амбалажа во вендинг машината за собирање пластични шишиња и лименки на Пакомак  поставена во продавницата „Тинекс.