Средба со градоначалниците на Југоисточниот и Вардарскиот плански регион

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и раководителот на Секторот за отпад Ана Каранфилова Мазневска одржаа средба со градоначалниците на Југоисточниот и Вардарскиот плански регион. Целта на средбата беше да се запознаат градоначалниците за планираните активности за воспоставување на системот за управување со отпад за овие региони, за што е изработена Студија од страна на ЕБРД.

sredba so gradonacalnici-drzaven sekretar

За обезбедување на финансиски средства за изградба на системот за овие региони, Владата на РСМ планира да започне постапката за добивање на кредит од Европската банка за обнова и развој.
Градоначалниците ги споделија своите размислувања и изразија подготвеност за соработка и мобилизација на расположивите ресурси заради поголема ефикасност во реализацијата на овој високо приоритетен инфраструктурен проект.