Средба со градоначалникот на општина Ресен

Денеска, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари работна средба со градоначаникот на oпштина Ресен, Јован Тозиевски.Sredba_Gradonacalnik_Resen_Shukova

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во областа животна средина, како и поддршка во реализација на активности што ќе помогнат за здрава животна средина на сите граѓани во општината.

Во рамките на средбата се потпиша и Договор  за изградба на главен и секундарен цевковод за фекална канализација од н.м. Јанковец до градот Ресен, финансиран од Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година.