Средба на првиот вицепремиер и министер Меџити со амбасадорот на Обединетото Кралство Лосон

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити оствари протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија Н.Е. Метју Лосон на која се дискутираа приоритетите на новата Влада.

1 Средба на првиот вицепремиер и министер Меџити со амбасадорот на Обединетото Кралство Лосон „Обединетото Кралство, како една од најголемите и најважните сили во светот, отсекогаш играла клучна улога во промовирањето на мирот, стабилноста и економскиот развој на глобално ниво, како и во нашата земја. Нашата соработка со Обединетото Кралство претставува огромна можност за напредок во многу области, вклучително и животната средина, економијата и европската интеграција“ истакна Меџити.

На средбата беше најавена поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање како координатор на Кластер 4, и нов импулс во однос на подигање на Зелената агенда во политичката агенда, како и во координација на засегнатите ресори вклучени во имплементација на ЕУ регулативата.