Со чистење на „Кале“ и официјално започна 4-та волонтерска “Генералка Викенд” акција

Денес, на тврдината „Кале“ и официјално се означи започнувањето на најголемата и најмасовна волонтерска акција за собирање и чистење на отпадот, “Генералка Викенд”, која по 4-ти пат ја организира компанијата ‘’МЕН & МАУНТАИН” заедно со партнерите на територијата на целата држава.Akcija_cistenje_otpad_KALE_1

Министерството за животна средина и просторно планирање, од самиот почеток, ги поддржува активностите и идејата за собирање и чистење на отпадот и засадување на зелената иднина, особено што компонентата подигнување на свеста и развивањето на добри навики кон животната средина мора да оди напоредно со развивање на системите и процесите.Akcija_cistenje_otpad_KALE_5

Министерката Каја Шукова се приклучи на акцијата изразувајќи задоволство што и годинава голем број институции, компании, меѓународни и домашни организации и волонтери се вклучија и ја поддржуваат акцијата која ќе се спроведе на 300 локации, во сите 81 општини во државата, вклучувајќи го и Националниот парк Шар Планина.Akcija_cistenje_otpad_KALE_6

- Тука на Кале, не обединува силната желба со личен пример да ја поттикнеме и развиваме свеста за животната средина. На отпадот не му е место во природата. Тој е производ на нашето однесување и живеење и само ние самите можеме да го исчистиме и од нас зависи каде ќе го одложиме и како ќе го третираме. Од институционална гледна точка направиме многу во придвижување на процесите за воведување на интегрирано управување со отпад. Во тој процес нема назад и нема веќе поправни испити. Останува да се изоди патот и конечно државата да добие вистинска санитарна депонија на која ќе завршува само оној отпад што не може да се реупотреби и рециклира. Да се грижиме за животната средина, правилно да постапуваме со отпадот, да се научиме да го селектираме и да го одлагаме само на места наменети за него. На нашиот пат кон Европа, треба да се однесуваме европски – рече Шукова, потенцирајки дека треба да се трудиме да бидеме пример на нашите најмлади бидејќи позитивните навики се градат од најмала возраст.