Состанок со директорот на Енергетска заедница Лорковски

На барање на Секретаријатот на Енергетската заедница, денес, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање се одржа средба меѓу првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Меџити и директорот на Енергетската заедница, Лорковски.Sredba_Mexhiti_so_direktorot_Lorkovski

На средбата беше информирано за соработката со Енергетската заедница во областите животна средина и климатска акција, Патоказот за декарбонизација и врската со Планот за раст и пакетот за мониторинг известување и верификација на емисиите на стакленичките гасови.Sredba_Mexhiti_Lorkovski

Министерот Меџити истакна дека работата на климатските промени и декарбонизацијата претставува висок приоритет на Министерството и најави дека ќе се работи на формирање на потребната административна структура за имплементирање на обврските од Планот за раст.

Директорот Лорковски уште еднаш ја реафирмираше поддршката што Енергетската заедница континуирано ја дава на нашата држава, укажувајќи на обврските што произлегуваат од законодавството на ниво на ЕУ во делот на големите согорувачки инсталации и потребата за јасен развоен правец во идниот национален план за енергија и клима.