Состанок на Министерката Шукова со Самех Н.Вахба, регионален директор за одржлив развој за Европа и Централна Азија

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денес оствари работна средба со Самех Н.Вахба, регионален директор за одржлив развој за Европа и Централна Азија и неговиот тим.Svetska_banka

Состанокот беше инициран на барање на Канцеларијата на Светската Банка во РСМ, со цел утврдување на придонесот кон дефинирањето на идниот програмски циклус на Банката.Svetska_banka_1

На состанокот беа разговарани тековните активности на министерството, во делот на кластерот 4 и зелената агенда, и потребата од канализирање и вградување на аспектите за здрава животна средина и намалено загадување во тековните и идни активности на Банката.Svetska_banka_2

Министерката Шукова информираше за тековните активности на Министерството во пресрет на билатералниот скрининг од кластерот 4 за областа животна средина и климатски промени во јули 2023 година, како и за активностите за мапирање на акциите на национално ниво за национален одговор кон регионалниот Акциски план за зелената агенда од Софиската Декларација за Западниот Балкан, кои треба да резултираат со јасен патоказ за идните потребни акции за нивно спроведување.