Сите институции се координираат за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска зема учество на Годишната конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси со Акционен план 2021-2025 година, која се одржа во Скопје.DKSK

Конференцијата беше организирана во рамките на проектот ,Активност за анти-корупција и интегритет”, финансиран од УСАИД, а спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) “. и имаше цел да ги презентира активностите од Акциониот план на Националната стратегија, преку осврт на постигнатите резултати и идните чекори и препораки.DKSK_1

На настанот беа презентирани активностите од Акциониот план на Националната стратегија, а се даде осврт и на предизвиците, пречките и проблемите во имплементацијата, пристапите и искуствата во борба против корупцијата и воведување на системот на интегритет и негово унапредување во институциите во нашата држава. Воведни обраќања имаа Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Славица Грковска, Заменик на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во РСМ, како и претставници од УСАИД и од ДКСК.