Реџепи: Ја прошируваме соработката со Република Туркије во управувањето со водите

Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Неби Реџепи денеска имаше работна средба со претставници од Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање и претставници од Генералната Управа за водостопанство и од Амбасадата на Република Туркије во нашата земја. Во фокус на разговорот беше управувањето со водите, односно анализирање на состојбата на водоснабдувањето во 20 населени места во нашата земја.

1Претставниците од МЖСПП потврдија дека се подготвени да обезбедат дополнителна поддршка и воведување на неопходни мерки за обезбедување на успешната техничка посета.

2На средбата, двете страни изразија задоволство од досегашната добра соработка во заштитата на животната средина, изразувајќи уверување дека се очекува продлабочувањето на истата да придонесе кон подобрување на водоснабдувањето во регионот и да ги интензивира билатералните односи помеѓу двете земји.