Регионалните директори заедно за природата

DSC_0469Охрид, Македонија, 21 октомври 2014 годинаБогатото природно наследство на нашиот регион зависи од координираната акција на сите земјиова е пораката што ја испратија властите надлежни за заштита на природата денес од Охрид. Програмската канцеларија на светската унија за заштита на природата (IUCN) за Jугоисточна Eвропа, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија, ја организира првата годишна средба на националните власти надлежни за заштита на природата во регионот, со цел да се утврдат регионални приоритети и заеднички активности во сферата на заштитата на природата.

Целта на овој вонредно значаен настан беше да се олесни размената на информации и воспоставувањето на мрежи со собирање на високи претставници на министерствата и директори на агенции за заштита на природата од Jугоисточна Eвропа. Се дискутираше за регионалните приоритети за заштита и за клучните тековни процеси и иницијативи поврзани со заштитата на природата, како што се улогата и важноста на Европската мрежа на раководители на агенции за заштита на природата (ENCA) и Регионалната мрежа за пристапување во сферите на животната средина и климата (ECRAN).

  „Воспоставувањето на регионална платформа за планирањето на заштитата на природата, прекузајакнување на институционалната соработка и имплементацијата наконзерваторскитестандарди се меѓу приоритетните активности“, рече Нурхан Изаири, министер за животна средина и просторно планирање на Македонија на отворањето на средбата.

Институциите одговорни за заштита на природата во Jугоисточна Eвропа денес направија решителен чекор, со кој ќе се зајакне нивната соработка, ќе се помогне во создавањето на регионална платформа и ќе се олесни усогласувањето на политиките за заштита на природата. Во IUNC се подготвени да дадат совети и поддршка на националните органи, потпирајќи се на својот пристап базиран на науката и широките експертски мрежи.

 Зголемувањето на институционалната соработка во регионот претставува основа за долгорочна заштита на природата и одржливо користење на ресурсите во Jугоисточна Eвропа“, рече Борис Ерг, директор на програмската канцеларија на светската унија за заштита на природата (IUCN) за Jугоисточна Eвропа. „Целта на IUCN е да обезбеди усогласување на политиките за заштита на природата и стандардите што ќе се применуваат во целиот регион. Ние цениме што Македонија ја препознава важноста и се понуди да биде домаќин на првата годишна средба на директорите воJугоисточна Eвропа.“

По состанокот, беше организирана експертска теренска посета на Охридското и Преспанското Езеро под покровителство на Управата на НП Галичица, со што учесниците добија можност да научат за современите заштитени подрачја во регионот на Охридското Езеро, вклучувајќи ги локалитетот на охридскиот регион на светско културно и природно наследство и неодамна прогласениот Прекуграничен биосферен резерватОхрид-Преспа. Охридското Езеро е меѓу најстарите езера во светот и се одликува со бројни исклучителни природни и културни содржини. Истото е предмет на повеќекратни прогласувања во национални и во меѓународни рамки, вклучувајќи како светско наследство, биосферен резерват и заштитен предел.

                                                                                                    Служба за информирање