Пуштена во употреба пречистителана станица за отпадни води во Кочани

naslovna_precistitelna stanica_Kochani_Makraduli(12.07.2019г.) Денеска и официјално беше пуштена во употреба пречистителната станица за отпадни води во Кочани која е една од најголемите инвестиции во Кочани во последните 50 години и воедно најголемата донација на Одделот за економска соработка и развој на Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи SECO во Северна Македонија вредна 21 милион швајцарски франци.

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во своето обраќање на свеченоста органуизирана по тој повод, истакна дека овој значаен објект потврдува дека заштитата на животната средина е на врвот на приоритетните активности на Владата на Република Северна Македонија што е најдобро потврдено со веќе изградените пречистителни станици во Кичево, Струмица, Радовиш, Прилеп и Гевгелија и тоа за само 2 години.

- Оваа пречистителна станица е пример како треба и идните објекти да се градат,и иако не е најголема по обем таа е најпозитивен пример за штедење на енергија, пример за користење на обновливи извори, пример за користење на отпадот, со еден збор: пример за цирклуарна економија, најдобриот концепт или алатка со која се справуваме со предизвиците од климатските промени- потенцираше Макрадули и информираше дека наскоро започнува градењето на пречистителните станици во Битола и Тетово, по што ќе следува реализацијата на вакви објекти за Штип и Велес кои ќе се реализираат со ИПА-3 програмите на ЕУ.

- Следната година Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање ќе започнат и со градење на најголемата пречистителна станица во нашата држава во Скопје и знам дека за време на преговорите со ЕУ, ќе имаме поголем процент на опфат на население со пречистителни станици од многу сегашни ЕУ членки за време на нивното пристапување, истакна Макрадули.

На свеченоста присуствуваа и се обратија претседателот на Владата на СРМ, Зоран Заев, амбасадорката на Швајцарија во нашата држава Сибил Зутер Техада, градоначалникот на Кочани Николчо Илијев и други претставници на општината.

Комплетната информација и изјавите се достапни на веб страницата на Владата на СРМ на следниот линк .