Почнува проектот „Поддршка на реформите во шумарството во Северна Македонија

Министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова имаше поздравно обраќање на официјалниот настан за отварање на ИПА проектот „Поддршка на реформите во шумарството во Северна Македонија“, кој е финансиран од Европската Унија. Целта на проектот е реализација на потребните реформи во делот на шумарството, со цел да се усогласат правната и институционалната поставеност на нашата земја во однос на барањата на Еврoпската Унија.

Почнува проектот „Поддршка на реформите во шумарството во Северна МакедонијаШукова објасни дека потребата за заштита на шумите во Европа е потврдена во новата Стратегијата за шумите на ЕУ до 2030 година, која има за цел да ги поддржи социо-економските функции на шумите за просперитет на руралните подрачја и поттикнување одржлива био-економија базирана на шумите. Стратегијата тежнее и кон заштита, ревитализација и зголемување на површината под шуми во Европската Унија, заради борба против климатските промени, враќање на биолошката разновидност и обезбедување на отпорни и повеќенаменски шумски екосистеми.

- Би сакала да напоменам дека покрај дека Министерството за животна средина во соработка Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе има извршено идентификација на шуми со високи природни вредности, со цел да се обезбеди заштита на биолошката разновидност преку идентификација на клучните шумски живеалишта со зачувана биолошка разновидност и изработка на упатства за управување со шумите за две избрани подрачја – истакна министерката Шукова.

22Таа додаде и дека освен Законот за шумите, потребата за заштита на шумските екосистеми произлегуваат и од Законот за заштита на природата и од стратешките развојни документи, како што се Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027) и Националната стратегија за биолошка разновидност за период (2018-2023), како и од имплементацијата на ЕУ директивите за живеалишта и птици.

- Паралелно со овие процеси МЖСПП спроведува и активности за хармонизирање на националното законодавство и исполнување на обврските согласно ЕУ директивите. Ќе ја споменам актуелната директива за живеалишта и птици, односно идентификација на потенцијални подрачја за еколошката мрежа Натура 2000 која во кој најголем дел припаѓаат и шумските екосиситеми во нашата земја  – рече Шукова.

3На настанот свои обраќања имаа и  амбасадарот на ЕУ во земјава Дејвид Гир, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и деканот на шумарски факултет, Кирил Сотировски.