Почнува имплементацијата на регионалната компонента од Глобалниот проект за ажурирање на НИП за редукција и елиминација на POPs хемикалиите

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова ја отвори работилницата која претставува вовед во имплементацијата на регионалната компонента од Глобалниот проект за ажурирање на Националниот имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи – POPs.

Почнува имплементацијата на регионалната компонента од Глобалниот проект за ажурирање на НИП за редукција и елиминација на POPs хемикалиите  -1Министерката Шукова во своето обраќање истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање повеќе од две децении активно работи на спроведување на  глобалните договори и иницијативи поврзани со управувањето со хемикалии и отпад како што се: Стокхолмската конвенција за POPs хемикалиите, Ротердамската конвенција, Минамата конвенцијата за редукција и елиминација на жива, Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасен отпад и негово складирање, потоа SAICM Иницијативата и нејзината нова наследничка,  Глобалната рамка за безбедно управување со хемикалиите и нивниот отпад.

Почнува имплементацијата на регионалната компонента од Глобалниот проект за ажурирање на НИП за редукција и елиминација на POPs хемикалиите  2- Преку сите овие активности, со градење и зајакнување на своите институционални и правни капацитети, нашата земја се стреми кон остварување на своите амбиции за членство во Европска Унија – рече Шукова.

Посебен акцент министерката стави на спроведувањето на Стокхолмската конвенција и Националниот Имплементационен План за редукција и елиминација на POPs.

- Овие два документи придонесоа за воспоставување на систем за управување со POPs во земјата, по кој следеа низа успешни проекти во оваа област – додаде таа.

3Работилницата е во организација на Канцеларијата за POPs при МЖСПП во координација со Регионалниот центар за Стокхолмска Конвенција во Брно, Чешка – RECETOX, кој истовремено е и спроведувач на регионалната компонента. Настанот се одржа во рамки на активностите на проектот: “Глобален развој, преглед и ажурирање на Националните имплементациони планови под Стокхолмската Конвенција за перзистентни органски загадувачи (POPs)” во Република Северна Македонија.