Поставени фотоволтаичните системи во јавните објекти во општина Чаир

Поставени фотоволтаичните системи во јавните објекти во општина ЧаирМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини заедно со градоначалникот Висар Ганиу денеска го промовираа проектот за поставување на фотоволтаични системи во јавните објекти на територијата на општина Чаир.

Проектот е реализиран согласно Одлуката за доделување на финансиски средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општините, при што Министерството за животна средина и просторно планирање финансиски го поддржа и од својот буџет издвои 9 милиони денари.

- Проектот има многу придобивки, тргнувајќи од финансискиот аспект кој дава соодветен одговор на општата енергетска криза и ги намалува трошоците на општината, од здравствен аспект ги намалува негативните влијанија врз здравјето на луѓето, но придонесуваи за намалување на локалното и глобалното аерзагадување и ублажување на климатски промени – – информираше министерот Нуредини.

Според него, најдобар начин да се реши проблемот со климатските промени и локалното загадување на воздухот е да се спречи емисијата на гасови кои потекнуваат од согорувањето на фосилните горива за добивање на електрична енергија и топлина.

- Примената на обновливите извори на енергија е најдобриот пристап за решавање на климатските промени, а во исто време и начин за намалување на загадувањето на човековата околина – додаде Нуредини.