Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) пристапи кон измени и дополнувања на Законот за водите заради полесно и поефикасно спроведување на одредбите во законот, дополнување на постапките за издавање на дозволите за користење на водно право, промена на постапката за заштита и подобрување на режимот на водите со вадење на песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела и обезбедување на поголема транспарентност на постапката за доделување на концесии за користење на вода.Предложените измени и дополнувања на Законот за водите имаат за цел да обезбедат заштита, зачувување и подобрување на водните ресурси преку рационално и одржливо користење на водите, кое ќе се обезбеди со јасно дефинирани постапки за користење на водите, испуштање во водите и заштита на режимот на водите.
Јавната расправа во врска со Нацрт-законот за водите ќе се организира во среда (2 март 2022 год.) во 15:00 часот во Клубот на пратениците.
На јавната расправа ќе присуствува и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претставници на Министерството.
Законот за изменување и дополнување на Законот за водите е достапен за коментари/ забелешки по истите од 14 февруари до 15 март 2022 година на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР на ОВОЈ ЛИНК и на веб страницата на МЖСПП тука .
Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:
Адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање
Плоштад Пресвета Богородица бр.3, Скопје
email: infoeko@moepp.gov.mk
Одговорни лица за контакт во Министерството:
Илбер Мирта и Мелита Гочевска, Сектор за води, Управа за животна средина/МЖСПП
I.mirta@moepp.gov.mk; melitagocevska@yahoo.com
Заради поголема вклученост на јавноста и поголем степен на транспарентност, јавната расправа е организирана со поддршка на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии.