Оџаклиеска: Циркуларната економија го подигнува на повисоко ниво квалитетот на животот на граѓаните

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денес учестуваше на завршната конференција на тема „Подобрена вработливост кај возрасните преку едукација за циркуларна економија“, која во организација на „Здружението за заштита и унапредување на животната средина“ се одржа во просториите на „Клуб на новинари“ во Скопје.

1 Оџаклиеска: Циркуларната економија го подигнува на повисоко ниво квалитетот на животот на граѓанитеПроектот има за цел да поттикне промена на навиките во врска со темите на циркуларната економија, како што е управувањето со отпадот кај целната група. Целите на проектот се создавање на можности за подобрување на вештините за жени со ризик од исклучување (45+) и/или кои не ги завршиле студиите и зголемување на нивното прифаќање на нови можности за образование на возрасни во областа на циркуларната економија и одржливоста, како и обезбедување на вештини, компетенции и алатки на едукатори за возрасни и обучувачи за ангажирање на жени изложени на ризик од исклучување (45+) и/или кои не ги завршиле студиите.

Заменик министерката Оџаклиеска вклучувајќи се во дискусијата потенцираше дека Министерството за животна средина и просторно плaнирање работи на подобрување на законската регулатива за спроведување на зелената агенда, преку која ќе се придонесе кон забрзано етаблирање и олеснување на примената на циркуларната економија во нашата држава, како и создавање на поголеми можности за сите чинители. Циркуларната економија го подигнува на повисоко ниво квалитетот на животот на граѓаните, а воедно ја заштитува, обновува и подобрува животната средина, преку директни интервенции или преку поддршка на интеграција на политиките, рече Оџаклиеска. Таа се осврна и на придобивките од циркуларната економија како во општествто така и за поединецот.

2 Оџаклиеска: Циркуларната економија го подигнува на повисоко ниво квалитетот на животот на граѓанитеГлавната цел на Завршната Конференција беше да ги прикажат достигнувањата и проектните резултати, но и на возрасните невработени да им даде можност да ги споделат своите директни сведоштва од учеството во проектот, а воедно беше и извонредна прилика за вмрежување на организациите и институциите што работат во областите  образование за возрасни,  животна средина, циркуларна економија, и одржливи бизнис модели.

На конференцијата покрај заменик министерката Христина Оџаклиеска се обрати и директорорт на „Еко-Логик“, Никола Нешкоски, проектниот координатор Вељан Паризов,  директорката на „Центар за образование на возрасните“ Аделина Алији, како и претставници од „Агенцијата за вработување“, „УНДП“ и  од „Центарот за стручно образование и наука“.