Оџаклиеска на средба со претставници на компанијата за оправување и рециклирање на отпад, „Саубермахер“

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денес имаше работна средба со претставници од австриската компанија „Саубермахер“, чија примарна дејност е управување и рециклирање на отпад.Odzaklieska_sredba_Saubermaher

Заменик министерката ги информираше гостите за моменталната состојба и политиките за управување со отпад во Северна Македонија, а се разговараше и за идните локални и регионални планови за намалување на создавањето отпад што ги има разработено Министерството за животна средина и просторно плaнирање.Odzaklieska_MZSPP_sredba_Saubermaher

Претставниците од „Саубермахер“ информираа дека имаат намера да вложат средства во реализација на неколку проекти за управување со отпадот, а дел од активностите ќе вклучуваат и едукација и работа со граѓаните со цел за стекнување на нови подобри навики за одлагање на отпадот.