Оџаклиеска на средба со Претседателот на комисијата за управување со светското  природно и културно наследство во Охридскиот регион

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска оствари кооридинативна средба со претседателот на комисијата за управување со светското  природно и културно наследство во Охридскиот регион, Зоран Павлов.

Sredba_ZamenikMinister_PretsedatelKomisija_Ohridski region

На средбата се разговараше за начинот на функционирање на комисијата и зголемување на транспартерноста при носењето на одлуки на седниците на комисијата.

Според одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, Охридското Езеро и регионот остануваат на листата на заштитени природни и културни вредности на УНЕСКО, а Република Северна Македонија и Албанија добија дополнителен рок до 2023 година за отстранување на проблемите кои ги загрозуваат универзалните вредности на Охридскиот регион.