Оџаклиеска на седмото издание на МЕФ Форумот

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска учествуваше на седмото издание на Македонскиот енергетски форум 2024, (МЕФ), што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институт и Делегација на ЕУ во Северна Македонија во партнерство со Фондациите Отворено општество – Западен Балкан.

1 Оџаклиеска на седмото издание на МЕФ ФорумотОџаклиеска вклучувајќи се во дискусијата во рамки на првиот панел посветен на Берлинскиот процес и неговото влијание врз транзицијата на зелената енергија во Западен Балкан, нагласи дека климатските политики се повеќе од потребни, со оглед на забрзаните промени на климата со кои се соочува светот.

Во тој правец иако нашата држава нема голем удел во емисиите на глобално ниво, сепак дава добар пример и креира низа инструменти за справување со климатските промени, а согласно со обврските од потпишаните конвенции, мегународни договори и сопствените стратешки определби и програми.

Искажувајќи благодарност до Германската амбасада и до ЗИП Институтот за организацијата на настанот, Оџаклиеска нагласи дека животната средина треба и мора да биде приоритет за сите влади, без оглед на политичката ориентација.

2 Оџаклиеска на седмото издание на МЕФ ФорумотДосегашната Влада даде солиден придонес кон зелената транзиција, но таа не оди по овој пат сама, туку соработува со сите засегнати страни- невладини организации, бизнис заедницата, академијата и образованието.

Министерството за животна средина и просторно планирање ја има усвоено Долгорочната стратегија за климатска акција, а во владина постапка е Законот за климатска акција и според неа, се очекува негово усвојување во најскоро време.

3 Оџаклиеска на седмото издание на МЕФ ФорумотНашата ориентација кон зелената транзиција е  заснована на Зеленот договор и е насочена кон поголемо искористување на обновливи извори на енергија, примена на иновативни решенија, подршка на образовниот систем во развивање на вештини и знаење за вклучување во новите зелени работни места, со цел зелената транзиција да биде правична уи да не остави никој зад себе,  а во насока на  ублажување на климатските промени и заштитата на животната средина.