Обезбедени 70 милиони евра грант од ЕУ за Пречистителната станица во Скопје

По повод Светскиот ден на водата, денес е потпишан Договор за грант во вредност од 70 милиони евра за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Скопје. Договорот го потпишаа министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, министерот за финансии Фатмир Бесими и заменик-претседателката на ЕИБ Лилјана Павлова. На потпишувањето на Договорот присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Обезбедени 70 милиони евра грант од ЕУ за Пречистителната станица во СкопјеИзградбата на пречистителна станица за град Скопје ќе биде најголемиот проект од областа на заштита на животната средина досега реализиран во нашата држава, но во исто време и најголемиот предизвик.

2- Ние како Влада ја затвораме финансиската конструкција и овозможуваме отпочнување на изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Град Скопје. По обезбедувањето на финасиите, останува обврската на Град Скопје да го доврши процесот на експропријација и заедно со општина Гази Баба да ја заврши урбанистичко планската документација и потпишување на договорите за градба и надзор од страна на Директорот на ЈП Водовод и канализација Скопје .

3Ова е предизвикувачки процес кој бара голема координација на сите инволвирани страни. Но ДА, ние сме подготвени да го прифатиме предизвикот. Овој проект е над од сите политички интереси и императив доколку сакаме да бидеме дел од европското семејство – истакна министерката животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

4