Нашата држава има добра основа за развој на еко-туризмот

Денес на средбата на министерката Шукова со директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризамот Љупчо Јаневски како тема на разговор се отвори и прашањето за големите потенцијали со кои изобилува нашата држава за развој на еко-туризмот, како концепт на туризам со кој на одржлив начин ќе се искористуваат природните вредности во функција на одмор и рекреација. 

Нашата држава има добра основа за развој на еко-туризмотЗголемениот процент на заштитени пoдрачја е добра основа за таков развој, и беа предложени потребните инфраструктури со кои таквиот развој би се забрзал. Се споменаа планинарските, пешачките и велосипедските патеки а решавањето на неконтролираното одложување на отпадот и грдата слика што ја остава во опкружувањето беше посочен како проблем кој мора еднаш засекогаш да се надмине доколку сакаме да бидеме атрактивна туристичка дестинација.