Министерот Изаири и словенечкиот амбасадор Раковец во посета на ТАБ МАК во Пробиштип

DSC_0206(01.04.2015г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири заедно со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец ја посетија фарбиката за производство на акумулатори ТАБМАК во Пробиштип.

При посетата се оствари работна средба со менџментот на компанијата при што од нивна страна беа презентирани актнивностите на компанијата како и предизвиците со кои се соочуваат во текот на работниот процес.

Најголем акцент при разговорите се стави на проблемот околу депонирање на опасниот отпад што се добива во работниот процес, постоечката законска регулатива во Република Македонија и изнаоѓање прифатливо решение во регулирање на овој процес.

Менаџментот на компанијата им се заблагодари на Министерот и на Амбасадорот за посетата и изрази подготвеност за продлабочување на успешната соработка на полето на заштитата на животната средина.