Министерот Изаири во посета на с. Шипковица

(05.08.2015) Нурхан Изаири, министер за животна средина и просторно планирање, заедно со Фатмир Бесими, заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања и Хисен Џемаили претседател на Советот на о. Тетово, денеска го посетија тетовското село Шипковица. Ова е едно од селата во кое природната катастрофа не само што предизвика големи материјални штети, туку однесе и човечки жртви. Целта на посетата е да се направи увид на настанатите штети, но и координација на теренските активности за колку што е можно побрзо отстаранување на последиците од невремето и обезбедување основни услови за живот.

sipkovica 1  sipkovica 2

sipkovica 3  sipkovica 4