Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини одржа средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н. Е. Емилио Лоренцо Сера.

На средбата се дискутираше за позициите на Република Северна Македонија и Кралство Шпанија во пресрет на Самитот за Климатска Акција кој треба да се одржи во септември во седиштето на Обединети Нации во Њујорк. Имено, амбасадорот ја истакна поддршката и даде охрабрување во изразување на ставот на Владата на Република Северна Македонија, која планира да ја изедначи позицијата со таа на Кралство Шпанија и Перу во врска со социјалните и политички движечки сили кои се однесуваат на пол, здравје и праведна транзиција.

Министерот Нуредини истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање има транспарентна стратегија нудејќи различни опции и решенија во изнаоѓање на најдобри практики и имплементирање на истите.