МЖСПП: Средба на министерот Меџити со амбасадорот Бомгартнер

Скопје, 4 јули 2024 година – Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити оствари средба со амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е.Сирил Бомгартнер.

Baumgartner 1Министерот Меџити му се заблагодари на амбасадорот Бомгартнер за помошта што Северна Македонија континуирано ја добива од Република Франција на патот кон пристапувањето во Европската Унија.

Францускиот амбасадор Бомгартнер потенцираше дека францускиот предлог ги отвора европските перспективи на Северна Македонија и воопшто не е штетен за државата.

2 BaumgartnerИсто така, во разговор министерот Меџити му ги презентираше на амбасадорот Бомгартнер проектите што Министерството за животна средина и просторно планирање планира да ги реализира.

Францускиот амбасадор му честиташе на министерот Меџити за должноста во новата Влада како прв заменик претседател и министер и изрази подготвеност за соработка за доброто на државата и граѓаните.