МЖСПП: Средба на министерот Меџити со амбасадорот Мејдани

Скопје, 3 јули 2024 година – Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска го пречека амбасадорот на Република Албанија во земјава Денион Меидани.

На средбата што се одржа во просториите на Министерството беше разговарано за важноста на силните врски меѓу двете држави, што се важна основа за меѓусебната соработка.

Средба со алб. амбасадорНа средбата беше истакнато дека историските и културните врски меѓу Северна Македонија и Албанија се главните столбови на кои се гради вистинската соработка. Како две соседни држави,посебните односи биле и ќе останат стабилна основа за заеднички развој и напредок.

Министерот Меџити и амбасадорот Мејдани појаснија дека дополнително ќе ги продлабочат соседските и братските односи меѓу двете земји. Оваа заложба вклучува унапредување на партнерството во различни области, како што се туризмот, образованието, економијата и културата.

Целта на оваа средба беше преку соработка да се создадат нови можности за да се донесат конкретни придобивки за двете земји. Тие уверија дека нема да недостига координација на активностите за обезбедување благосостојба на граѓаните.