МЖСПП: Исклучени се инструментите од мониторинг системот во Кавадарци поради реконструкција на улица

Ги известуваме граѓаните на општина Кавадарци дека поради реконструкција на кружниот тек на раскрсницата помеѓу Западен Булевар и Булевар Моша Пијаде кој што се наоѓа во непосредна близина на автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во Кавадарци, инструментите од мониторинг системот се исклучени до завршувањето на градежните работи.stanica_vozduh_Kavadarci

Близината на градежните работи може да предизвика оштетување на инструменти, а во исто време бидејќи изворот на загадување е премногу блиску до станицата, може да покажува нерелевантни податоци за концентрациите на суспендирани честички со големина до 10 и 2.5 микрометри (РМ10 и РМ2.5) во околината на станицата.

Исто така, ги известуваме граѓаните на општина Кавадарци кои што живеат и се движат во непосредна близина на локацијата на градежните до завршувањето на градежните работи да преземат мерки на лична заштита.

Се препорачува на општина Кавадарци да преземе акција за побрзо завршување на реконструкцијата, а во меѓувреме да го задолжи изведувачот почесто да ја прска улицата со цел истата да биде постојано во влажна состојба.