Меѓународната соларна алијанса мобилизира инвестиции во соларна енергија на глобално ниво

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска оствари средба со амбасадорот на Индија, Н.Е. Санџаи Рана.Sredba_Shukova_Ambasador_Indija

На средбата амбасадорот Рана ја пренесе поканата на министерот за животна средина, шуми и климатски промени на Индија, Бупендер Јадав до министерката Шукова за учество наонлајн состанок на министри за животна средина во рамките на Самитот на Гласот на глобалниот југ кој ќе се одржи во ноември годинава.Sredba_Shukova_Ambasador_Indija_1

На овој Самит ќе се презентираат заклучоците од Г20 Самитот веќе се одржа во септември годинава Њу Делхи, Индија, што се однесуваат на областа животна средина и климатски промени.

Исто така, разговараа за можностите за пристапување на нашата држава кон Меѓународната соларна алијанса чија основа за формирање е Париска Декларација за Меѓународна соларна алијанса усвоена во ноември 2015 на UNFCCC COP 21. Во оваа алијанса членуваат 94 земји меѓу кои и држави од ЕУ како што се Германија, Холандија, Италија, Грција, а е во партнерство со меѓународни организации како што се Европска банка за инвестиции, УНЕП, УНИДО и други.Sredba_Shukova_Ambasador_Indija_2

Седиштето е во Индија и индиската Влада до сега има контрибуирано со 28 милиони долари за инфраструктура и основен корпус за организацијата. Основна цел на оваа платформа за соработка е да се мобилизираат преку 1000 милијарди долари од Владата на САД, наменети за инвестиции за употреба на соларна енергија до 2030 г.