Изаири: Во Тетовско интензивно се работи на отстранување на последиците од невремето

1.(08.08.2015г.) И денеска министерот за животна средина и просторно плнирање, Нурхан Изаири, продолжува со теренските обиколки на најкритичните локалитети за да ги следи и координира тековните активности за отстранување на последиците од невремето кое минатата недела го зафати тетовскиот регион.

При обиколката, министерот Изаири ги посети селата Мала Речица, Џепчиште, Требош и Порој при што костатира дека иако работите се одвиваат отежнато заради сериозноста на настанатите проблеми, сепак се забележува виден напредок.