За развој на земјоделските дејности мора да се поедностават правните постапки

Министерката Шукова учествуваше на јавната панел дискусија за изнаоѓање на решенија за легализација, пренамена и упростување на постапката за добивање на дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи – во и вон населено место, што денес се одржа во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Здружението Знак за квалитет, а со поддршка на активноста на УСАИД – Партнерства за економски раст.Minister_Sukova_PanelDiskusija
На настанот учествуваа и министрите Љупчо Николовски, Благој Бочварски, Ристо Пенов како и претставници на институции, земјоделски здруженија и фармери.