.

Секторот за соработка со локална самоуправа при Министерството за животна средина и просторно планирање на ден 27.09.2023 година(среда) спроведе обука на тема: “Закон за инспекциски надзор во животната средина “.slika

На обукатабеа поканети и земаа учество претставници од општините – овластени инспектори за животна средина, со цел разрешување на дилемите околу овластувањата на општините согласно новиот Закон за инспекциски надзор во животната средина како и за новините кои ги носи овој закон, водењето на постапката и носењето на конечните акти во инспекцискиот надзор.

Обуката беше организирана како дел од активностите согласно Годишниот План за обуки на Секторот за соработка со локалната самоуправа и управно надзорни работи кој е објавен на web страната на министерствот а со кој се реализира процесот на поддршка кон локалната самоуправа, и преку кој се спроведуваат обуки на годишно ниво кои се однесуваат на битни прашања од областа на спроведување на законодавството за животна средина со цел зајакнување на капацитетите на органите од општините за имплеметација на законодавството за животна средина на локално ниво.

На обуката се разви плодна дискусија и беапренесени искуствени знаења и добри практики а предавачи беа Дарко Блинков, генерален инспектор за животна средина во Државниот инспекторат за животна средина, Ѓорѓи Чукарски, раководител на инспекциска служба во Општина Струмица и поранешен член на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка и Тања Пауновска раководител на сектор во министерството.