Управното тело на ЕМЕП протоколот

lrtapВо период од 10-14 септември 2018 година во Женева, во седиштето на Обединетите нации се одржа четвртата заедничка сесија на управното тело на ЕМЕП и работната група за ефекти. Состанокот е организиран од Обединетите нации како надлежен орган на Конвенцијата за прекураничен пренос на загадувачките супстанци во воздухот (CLRTAP) и именуваните тела кои произлегуваат од неа. Република Македонија ја има ратификувано и потпишано оваа конвенција и во 2010 година ги ратификуваше сите протоколи кон неа.

На состанокот беа презентирани резултатите постигнати од различните технички тела на конвенцијата како на пример мерења и моделирање на концентрации на фотохемиски оксиданси, тешки метали, прашина и тешко разградливи органски соединенија на ниво на Европа. Воедно земјите ги презентираа активностите кои ги преземаат за спроведување на Кооперативната програма за мониторинг и евалуација на прекуграничното аерозагадување. На состанокот беше презентиран прогресот во подготовката на емисионите инвентари, како и беше разгледувана состојбата со спроведување на активностите наведени во работниот план за период 2018-2019 година за ова работно тело.

На овој состанок присуствуваше Анета Стефановска, раководител на одделението за мониторинг на квалитет на воздух од Македонскиот информативен центар за животна средина.