Студиска посета во Загреб, Хрватска

Во периодот од 19.02.2023 година до 24.02.2023 година, во рамките на проектот „Развој на информативен систем за животна средина EuropeAid/139107/IH/SER/MK, инплементиран од Particip GmbH“, се одржа студиска посета во Загреб, Хрватска.zagreb_studisko_patuvanje_meic

Цел на студиската посета беше размена на техники, инфраструктури и платформи користени во областа за мониторинг на животната средина. За оваа цел, македонскиот информативен центар ги посети просториите на хрватското министерство за економија, лабараториите на ДХМЗ, како и просториите на општина Загреб.

Обуките и состаноците беа стручно специјализирани и се однесуваа на:

-          Подготовка на стратегии, планови и програми за справување со загаденостa на воздухот;

-          Подготовка на методи и планови за справување со бучава;

-          Добри практики за управување со отпад, отпадни води и подготовка на извештаи за национално и меѓународно ниво;

-          Подготовка на ГЕО-портал за прикажување на критични информации со јавноста;

На студиската посета учествуваа следните претставници од МЖСПП:

  1. БилјанаПетковска
  2. Анета Стефановска
  3. Љупчо Гроздановски
  4. Мартина Спасовска
  5. Александра Крсеска
  6. Никола Голубов
  7. Хикмет Шабани
  8. Јован Ѓорѓиев

Темите од специфично значење на студиската посета беа поврзани со ракувањето со информациските системи, ИТ системите во различни сектори, системите за управување и контрола за мониторинг; како општини, компании итн. Како и улогата на многуте хрватски лаборатории и институции во областа на мониторингот.

На сесиите експертите покрија најразлични теми и дискусии, меѓу кои и:

-          Квалитетот на воздухот во Република Хрватска

-          Емисии од стационарни извори

-          Справување со емисии на испарливи органски соединенија

-          Полиња за експлоатација и истражување на минерални суровини во Република Хрватска

-          Информациски систем на стратешки мапи за бучава и акциони планови

-          Регистар на употребни дозволи и решенија за унифицирани услови за заштита на животната средина

-          Изработка на стратешка карта за бучава за Град Загреб според новите директиви на ЕУ

-          Презентација на ГЕО-порталот град Загреб (информации вклучувајќи квалитет на воздух, локации за управување со отпад и стратешки карти за бучава низ градот