Прва заедничка сесија на управното тело на ЕМЕП и работната група за ефекти, за Конвенцијата за прекураничен пренос на загадувачките супстанци во воздухот

lrtapВо период од 14-18 септември 2015 година во Женева, Швајцарија во седиштето на Обединетите нации се одржaпрва заедничка сесија на управното тело на ЕМЕП и работната група за ефекти. Состанокот беше организиран од Обединетите нации како надлежен орган на Конвенцијата за прекураничен пренос на загадувачките супстанци во воздухот (CLRTAP) и именуваните тела кои произлегуваат од неа.

На состанокот беа презентирани резултатите постигнати од различните технички тела на конвенцијата: мерења и моделирање на концентрации на фотохемиски оксиданси, тешки метали, прашина и тешко разградливи органски соединенија на ниво на Европа. Исто така беше презентирана работа на работната група за емисиони инвентари и проекции. Воедно дел од земјите ги презентираа активностите кои ги преземаат за спроведување на Кооперативната програма за мониторинг и евалуација на прекуграничното аерозагадување. На состанокот се разгледуваше и состојбата со спроведување на активностите наведени во работниот план за период 2016-2017 година за ова работно тело. На овој состанок присуствуваше Анета Стефановска, раководител на одделението за мониторинг на квалитет на воздух од Македонскиот информативен центар за животна средина.