Почетен состанок на проектот “Развој и имплементација на здравствениот индекс за прекугранично загадување на воздухот”

Lerin_AnetaПочетниот состанок на проектот “Развој и имплементација на здравствениот индекс за прекугранично загадување на воздухот”, финансиран од програмата финансиран од програмата ИПА2 – прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција за период 2014-2020 година беше организиран на 18 септември 2018 година во Лерин, Грција.

Целта на состанок беше да се дефинираат улогите и да се претстават работните активности и искуството на секој од партнерските организации вклучени во проектот (3 партнерски организации од Република Грција и 2 од Република Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање и НВО Центар за климатски промени – Гевгелија). На состанокот беа дискутирани и активностите планирани во рамките на проектот кои треба да бидат реализирани до крајот на 2018 година. Претставниците на Зедничкиот секретаријат за имплементација на проекти од оваа програма од Солун, беа присутни на состанокот со цел да ги разјаснат проблемите кои се појавуваат при имплементација на проектот.

На овој состанок присуствуваа Светлана Ѓорѓева, раководител на сектор Македонски информативен центар за животна средина и Анета Стефановска, раководител на одделение за мониторинг на квалитет на воздух.